На крајот од Генералната аудиенција во среда, 6 септември, папата Фрањо им се обрати на верниците и ја изрази својата блзина со сите погодени од смртоносниот пожар во зграда во Јоханесбург, Јужноафриканската република.
Обраќајќи им се на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во среда, на 6 септември 2023 година на Генералната аудиенција, по неговата катехеза, Светиот Отец изрази сочувство до сите погодени од пожарот што избувна во Јоханесбург, Јужноафриканска република.
Со длабока тага дознав за пожарот што избувна во петкатница во центарот на градот Јоханесбург во Јужноафриканската Република, во кој загинаа повеќе од седумдесет луѓе, меѓу кои и неколку деца, рече папата Фрањо.
Тој ги повика сите кои го следат, присутни и преку онлајн платформи, да му се придружат во молитвите за жртвите. Изразувам најдлабоко сочувство до членовите на семејството, а особен благослов им испраќам и на нив и на сите кои работат да пружат помош и поддршка, рече Римскиот бискуп.
Трагедија
Најмалку 73 лица загинаа, а 43 се повредени во пожар во петкатница во финансискиот кварт на градот на 31 август. Пожарот избувнал околу 1.30 часот во ноќта, а градските власти не ги објаснуваат можните причини. Според очевидци, пожарот избувнал при прекин на струја, а се слушнал силен звук како истрел од огнено оружје, по што следела силна експлозија.
Ватикан њуз/к.мк