Тексас стана најголемата американска држава која забранува „промена на пол“ за малолетници
Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот, минатата недела потпиша закон со кој се забранува „промена на полот“ за малолетници, вклучително и блокатори на пубертетот и хормонска терапија, со што Тексас стана најголемата од 20-те сојузни држави кои тоа го забрануваат.
Тексас е втората најнаселена американска држава со околу 29.800 „трансродови“ млади на возраст од 13 до 17 години, според Институтот Вилијамс на UCLA.
Американската унија за граѓански слободи и други групи најавија дека ќе се борат на суд против законот .
Законот во Тексас прави исклучок за малолетниците кои започнале со лекување пред 1 јуни или за оние кои присуствувале на 12 или повеќе сесии на советување за ментално здравје или психотерапија во текот на најмалку шест месеци. Но, тие пациенти „треба да престанат да земаат лекови на рецепт на одреден временски период“, вели законот.
Поддржувачите на ваквите закони велат дека владата мора да интервенира спротивно на желбите на родителите и лекарите бидејќи стравуваат дека тоа ќе предизвика непоправлива штета и велат дека децата не се способни да прифатат такви одлуки.
Групите меѓу кои Американското медицинско здружение, Американското психолошко здружение и Американската академија за педијатрија се противат на законот.
Меѓугорје-инфо/к.мк