Папата поттикна на молитва за нападот во кој загинаа повеќе од стотина, меѓу кои и многу деца, во главниот град на Сомалија, за кој одговорноста ја презедоа милитантите на Ал Шабаб
Тоа беше драматичен апел на папата Фрањо до верниците собрани на плоштадот Свети Петар, при неговото пладневно обраќање по молитвата Ангел Господов во недела 30 октомври 2022 година, спомнувајќи го трагичниот напад во Могадишу, Сомалија.
Додека ја славиме Христовата победа над злото и смртта, да молиме за жртвите од терористичкиот напад во Могадишу, во кој загинаа повеќе од сто луѓе, меѓу кои и многу деца. Бог нека ги преобрази срцата на насилниците!
Пред пет години, во октомври 2017 година, на истото место се оплакуваше уште еден масакр на невини, во кој загинаа 500 луѓе. Повеќе од стотина загинаа во двоен напад кој се случи раскрсница во сомалиската престолнина Могадишу, пред Министерството за образование, во кој покрај загинатите беа ранети повеќе од 300 луѓе. Два автомобили бомби експлодираа за неколку минути. За нападот одговорноста ја презеде групата поврзана со Ал Каеда, Ал Шабаб, која наводно го таргетирала министерството како „непријателска база“ која добивала поддршка од немуслиманските земји и работи на отстранување на сомалиските деца од исламската вера. Групата одамна изјави дека ќе продолжи со своите терористички активности до создавање на исламска држава во која ќе се управува со шеријатското право.
Драматичен е и апелот на претседателот кој бара од меѓународната заедница и од муслиманите од целиот свет да испратат лекари во таа земја, која има еден од најслабите здравствени системи во светот.
Ватикан њуз/к.мк