Во недела 23 октомври 2022 година во парохиската црква „Пресвето Срце Исусово“ во Битола за време на светата Литургија, која е во 18.00 часот, ќе бидат изложени моштите на свети Иван Павле II, а по светата Литургија следува благослов со нив.
Во 2011 година, папата Бенедикт Шеснаесетти го прогласи својот претходник Иван Павле II. за блажен и определи да се чествува на 22 октомври. Папата Фрањо, само три години подоцна во 2014 година, го прогласи за светец.
дон Томаш Бак/к.мк