Ватиканската банка IOR е единствено одговорна за управувањето со целиот движен имот на Светиот Престол и нејзините поврзани субјекти – одлучи папата Фрањо. Средствата што се чуваат на друго место мора да се префрлат во IOR до октомври.
Папскиот декрет стапува на сила во вторник 23 август 2022 година со објавување во ватиканскиот весник „L’Osservatore Romano“. Управувањето и чувањето на движниот имот на Светиот Престол и институциите поврзани со него е ексклузивно доделено на „Istituto per le Opere di Religione“ (Институт за верски работи).
Ватиканската финансиска институција отсега ќе мора да биде известена за сите средства и пари депонирани „во било каква форма“ кај други финансиски институции. Овие средства, кои во моментов не се депонирани кај IOR, треба да бидат префрлени во Ватиканската банка „што е можно поскоро“. Во декретот како рок за трансфер е наведено „во рок од 30 дена започнувајќи од 1 септември 2022 година“, односно до почетокот на октомври 2022 година
Со одлуката од вторникот, папата Фрањо се повикува на член 219, став 3 од новата конституција за Римската курија „Praedicate Evangelium“ од март 2022 година, во кој се споменува Ватиканската банка – IOR.
Ватикан њуз/к.мк