Светиот Престол и Демократската Република Сао Тома и Принсипе на празникот Возенсениe на Пресвета Богородица, 15 август 2022 година, потпишаа договор за признавање на правниот статус на Католичката црква и црковните институции во таа африканска земја
Демократска Република Сао Томa и Принсипе е една од најмалите африкански земји. Таа е независна од средината на 1970-тите и има католичко мнозинство. Меѓу значајните проблеми е борбата против ендемската сиромаштија.
На празникот Богородица, во Салата за состаноци на Министерството за надворешни работи на Сао Тома, беше потпишан договор меѓу Светиот Престол и таа мала островска држава.
Веста за потпишувањето на договорот ја соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник, 16 август, наведувајќи дека договорот е составен на италијански и португалски јазик и се состои од 28 члена. Ќе стапи во сила по размената на инструментите за ратификација. Договорот, се посочува во соопштението за медиумите, „го определува признавањето на правниот статус на Католичката црква и црковните институции и ја одредува правната рамка на односот меѓу Црквата и државата“.
Исто така со ова, „дополнително се зајакнуваат врските на пријателство и соработка што постојат меѓу двете страни, кои, зачувувајќи ја својата независност и самостојност, се залагаат да работат заедно за духовната и материјалната благосостојба на човечката личност, како и за унапредување на општото добро“.
Договорот го потпишаа апостолскиот нунциј во Сао Тома и Принсипе, титуларниот надбискуп на Алба Маритајм Џовани Гаспари во име на Светиот Престол и министерот за надворешни работи на Сао Томa и Принсипе Едите Рамос да Коста Тен Хуа.