Нека се пронајдат патиштата на мирот среде „џунглата на конфликтите“

Нека се пронајдат патиштата на мирот среде „џунглата на конфликтите“

Папата се обрати до претставници на Унијата на дела за помош на Источните Цркви (ROACO), црковна организација која дава помош и поддршка на христијаните на целиот Блиски Исток. Светиот Отец упати уште еден апел за војната која ја погоди Украина, повикувајќи на молитва, пост и работа за да се пронајдат патишта на мирот среде „џунглата на конфликтот.“

Унијата на делата за помош на Источните Цркви обединува организации за финансирање од земјите ширум светот за да се овозможат разни услуги – на пример поставување на места за богослужба и места за учење, давање стипендии и создавање институции за социјална и здравствена грижа на подрачјето на Блискиот Исток.

Папата одаде признание за вниманието и грижата кои членовите на ROACO ја искажаа на оние кои страдаат заради конфликтите „кои од Тиграј повторно ја ранија Етиопија и дел од соседна Еритреја“. Се заблагодари и на земјите кои примија бегалци од „саканата и измачена Украина.“

Драмата на Каин и Авел

Во таа источно европска земја, рече Папата, се „вративме на драмата на Каин и Авел“. Таму избувна „животно-уништивачко насилство, луциферско, ѓаволско насилство, на кое ние како верници сме повикани да одговориме со силата на молитвата, со конкретна добротворна помош, со секое христијанско средство за оружјето да отстапи место на преговорите.“ (…)

Синодалниот стил на ROACO

Светиот Отец во обраќањето го поддржа и „синодалниот“ карактер на Унијата, каде секој актер – поединци, стручњаци, епископи, Папски претставништва, Дикастеријата за Источни Цркви и многу други вклучени организации – ја имаат својата улога и е повикан на дијалог со другите по пат на советување, проучување, истражување и предлагање и објаснување, одејќи заедно. Го повика секој ентитет секогаш нека биде „усогласен“ на „симфонијата на милосрдието“ да може да настапи на најдобар можен начин.

Ги поттикна присутните да бегаат од сите искушенија на изолација и затвореност во себе и во своите групи, за да останат отворени за прифаќањето на секој брат и сестра кој служи во Источните католички цркви во нивните татковини или на поддрчјата кои се сметаат за дијаспора.

Сирија, Ирак, Либан

Папата Фрањо изрази поддршка и за работата на Собраните на католичките епископи на Сирија на конференцијата која се одржа во март во Дамаск, каде како што рече биле активно вклучени многу млади луѓе.

Во пустината на сиромаштвото и обесхрабрувањата предизвикани од дванаесетгодишната војна која ја исцрпи саканата и измачена Сирија, ROACO беше тука за да ги сослуша другите и да ги идентификува вистинските приоритети, рече Папата. Со истиот синодален стил ја анимираше и Посебната епископска синода за Блискиот Исток и Папата напомена дека десетата годишнина од Апостолскиот поттик „Ecclesia Medio Oriente”, која ја објави папата Бенедикт XVI за време на неговата посета на Либан ќе биде одбележана во септември.

Во тие десет години се случија многу работи: помислете на тажните настани кои ги вклучуваат Ирак и Сирија, на превратите во самата Земја на кедрите“, рече напоменувајќи дека се појавиле и некои зраци на надеж како потпишувањето на Документот за човечкото братство во Абу Даби.

Сега, истакна Светиот Отец, потребно е да се пронајдат ажурирани средства и соодветни начини за изразување близина со Црквите во регионот и да се продолжи работата во координација за Сирија и Ирак, вклучувајќи го Либан во заедничкото размислување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот