Папата Фрањо, во рескриптот (уредба) објавен на 18 мај 2022 година, ја востанови можноста членовите на верските семејства, дури и ако не се ракоположени за свештеници, да бидат назначени за поглавари на свештенички верски установи или клерички друштва на апостолски живот. Во оваа категорија спаѓаат членовите на верските заедници кои се „неклерички соработници“, односно членови кои во многу конгрегации се нарекуваат „браќа“.
Одлуката доаѓа по аудиенцијата на која папата Фрањо на 11 февруари ѝ даде на Конгрегацијата за установи на посветен живот и општества на апостолски живот овластување да ја даде оваа можност во поединечни случаи.
Новообјавениот рескрипт се состои од четири члена кои ги одредуваат различните степени на одобрување за назначување на неклерички соработник на чело на монашката установа. Врховна инстанца и понатаму е Конгрегацијата за установи на посветен живот и општества на апостолски живот, која, како што е наведено во последниот член од декретот, го задржува правото да го оценува поединечниот случај и причините дадени од врховниот водач или генералното собрание.
Ватикан њуз/к.мк