Кардиналот Јозеф Зен е приведен во Хонг Конг од страна на полициските сили формирани да ја надгледуваат националната безбедност и е обвинет за „заговор со странски сили“ во врска со неговата улога како администратор на Фондот за хуманитарна помош 612. Директорот на Канцеларијата за печат на Ватикан изјави дека Светата Престол внимателно го следи развојот на ситуацијата.
Деведесетгодишниот кардинал Јозеф Зен, кој беше бискуп на бискупијата Хонг Конг од 2002 до 2009 година, е уапсен во средата 11 мај 2022 година од властите во Хонг Конг од полицискиот оддел формиран за следење на националната безбедност на Кина.
Според локални извори, тој е задржан во полициска станица на распит. Кардиналот е обвинет за „заговор со странски сили“, во врска со неговата улога како администратор на Фондот за хуманитарна помош 612, фонд кој ги поддржува продемократските демонстранти да ги платат правните и медицинските трошоци со кои се соочија.
„Светиот Престол всо загриженост ја дозна веста за апсењето на кардиналот Зен и со посебно внимание го следи развојот на ситуацијата“, рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, одговарајќи на новинарски прашања.
Ватикан њуз/к.мк