На денот за пост и молитва за мир во Украина и светот, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. Киро Стојанов во среда 2 март 2022 година во 19.45 минути на брановите на Радио Марија ќе моли света Бројаница.
Во својот повик за пост и молитва епископот Стојанов истакнува: Во оваа прилика сакам да потсетам и да го повторам повикот на папата Фрањо од Генералната аудиенција во среда 23 февраури 2022 година во кој вели: „Исус нè научи дека на ѓаволската безумност на насилството се одговара со Божјото оружје, молитвата и постот. Ги повикувам сите да го направиме 2 март – Чиста Среда, Ден на пост за мир.“
к.мк