По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо упати два апела до меѓународната заедница, изразувајќи ја својата тага и ги повика одговорните да дејствуваат решително за да се спречи трговијата со луѓе, како и понижувачката практика на осакатување на женските гениталии.
Во февруари 2012 година, Обединетите нации го прогласија 6 февруари за Меѓународен ден за борба против осакатување на женските гениталии, а во своето обраќање по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо потсети на оваа широко распространета практика која сериозно го нарушува телесното достоинство на жената, и потсети дека таквите зафати се вршат во услови опасни за здравјето.
Следниот вторник ќе се одбележи Светскиот ден на молитва и свесноста за борбата против трговијата со луѓе, на празникот на света спомен на свети Жозефина Бахита.
Тоа е длабока рана, нанесена од срамната потрага по економски интереси без никакво почитување на човечката личност, рече Папата, мислејќи на многу девојки на улиците кои се робови на трговците со луѓе, кои се злоставуваат ако не донесат пари. Ова денеска се случува во нашите градови, нагласи Светиот Отец.
„Соочени со овие неволји на човештвото, ја изразувам мојата болка и ги повикувам одговорните да дејствуваат решително за да ја спречат експлоатацијата и понижувачкото постапување кое особено ги погодува жените и девојките“, рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк