Папата Лав пристигна во болницата „Џемели“

Папата Лав пристигна во болницата „Џемели“

Како што беше најавено, папата Лав XIV се упати кон болницата „Џемели“, каде што ќе биде подложен на операција на белите дробови. Нешто пред 13 часот во вторник, возилото на Папата го напушти Ватикан.

Од Канцеларијата за печат на Светиот Престол преку Телеграм соопштија дека операцијата ќе биде извршена уште истото попладне. Хируршкиот зафат, при кој треба да биде отстранет јазол на белите дробови, ќе го изврши тимот за торакална хирургија предводен од Стефано Маргаритора.

Дополнителни информации за здравствената состојба на Папата се најавени за вечерните часови.

Во меѓувреме беше објавено дека папата Лав нема да престојува во просториите на десеттиот кат од болницата кои вообичаено се резервирани за престој на Папата, бидејќи во моментов се реновираат. Тој сепак ќе биде сместен на десеттиот кат, но во делот од зградата кој се наоѓа на страната спротивна од главниот влез.

Како што беше најавено уште во неделата, се очекува престојот на Папата во болницата да трае околу една недела.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот