Пет лица загинаа, а многумина се повредени, меѓу кои и деца и еден свештеник, во американскиот град Ваукеша, недалеку од Милвоки, каде на 22 ноември возач удри во божиќна поворка. Во телеграма до андбискпијата Милвоки, монс. Џером Листецки, Папата ја изрази својата блискост со сите погодени.
Светиот Отец ги препорачува душите на починатите на милосрдието на Семоќниот Бог, се наведува во телеграмата потпишана од државниот секретар на папата, кардиналот Пиетро Паролин. Понатаму се наведува дека Светиот Отец се моли за божествени дарови на исцелување и утеха за ранетите и ожалостените.
Папата се придружува во молитвата Господ на сите да им даде духовна сила која го победува насилството и го надминува злото со добрина, се заклучува во пораката.
Според достапните податоци, загинале пет лица, а повеќе од 45 се повредени. Според соопштението на надбискупијата Милвоки, меѓу ранетите има свештеник, членови на локалната парохиска заедница и деца од католичкото училиште. Надбискупијата ги повика верниците да се молат за сите настрадани.
Ватикан њуз/к.мк