Светиот Отец за 30 годишнината од воспоставувањето на апостолската администратура за католциите од латински обред во Москва и Сибир упати порака до католиците во Рисија, која е објавена на 10 октомври 2021 година, извести Catholic News Agency.
Апостолската админастратура во Москва и Сибир по распадот на Советскиот Сојуз ја воспостави свети Иван Павле II.
„Сакам оваа годишнина да поттикне во целата католичка заедница во Руската Федерација да биде евангелско семе кое со радост и понизност нуди јасна слика за Царството Божјо“, пишува папата Фрањо.
„Сакам да бидете заедница на мажи и жени, деца и возрасни, свештеници и лаици, богопосветени лица и луѓе кои го бараат повикот, кои се стремите за заедништво со сите за со едноставноста и великодушноста да го сведочите, во семејниот живот и во секое подрачје од секојдневниот живот дарот на примените благодати. Тоа му е угодно на Бог и придонесува за заедничкото добро за целото општество.
Католиците во Русија сочинуваа многу мало мнозинство, меѓу мнозинството кое припаѓа на Руската православна црква.
„Во контекст на источната Црковна традиција во која живеете, важно е да чекорите заедно со вашите браќа и сестри христијани, не изморувајќи се барајќи од Бог помош за продлабочување на меѓусебното спознание и напредување, чекор по чекор, на патот на единството,“ истакна Папата.
Молејќи се за сите и служејќи им на оние со кои заедно го делиме човештвото кое Исус со себе неразделно го соединил, повторно ќе се покажуваме како браќа и сестри на заедничко ходочастие кон целта на заедништвото, на кое Бог нѐ упатува во секое славење на Евхаристијата, порача Папата.
Пораката е потпишана на 16 септември, а објавена на 10 октомври – на првата недела по средбата на Светиот Отец и рускиот митрополит и шефот на Канцеларија за надворешни односи на Московскиот патријархат Хиларион Алфеев во Ватикан.
Митрополитот Алфеев во таа прилика за италијанскот медиум Corriere dell Sera рече дека и покрај тоа што христиајните во Русија повеќе не се соочуваат со пречките кои постоеле во СССР, сѐ уште многу од нив не го познаваат Евангелието, туку нивната вероисповед е само номинална, објави CNA.
Ватикан њуз/к.мк