Во недела 30 мај 2021 година со почеток во 18.00 часот, парохијата „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци ве повикува на Молбен до Пресвета Богородица – Утешителка, кој ќе се одржи во манастирската црква во Паљурци (на Чуката).
Лицата кои не можат да се искачат пешачејќи, парохијата има организирано тракторски превоз. Препорачливо е да се носи со себе вода и задолжително почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, препорачани од здравствените власти.
Пресвета Богородица Утешителка (Паљурска) ги очекува нашите молитви заеднички да ги воздигнеме до нејзиниот Син, Господ Исус Христос.
Ватикан њуз/к.мк