Црковните поглавари во Сирија собрани на заседавање во Алепо кое завршува на 20 мај предупредуваат на ужасните економски услови и драматичниот егзодус на младите генерации.
На заседавањето под претседателство на сирискокатоличкиот патријарх Игнатиј Јусеф III Јоунан и мелхитско источнокатоличкиот патријарх Јусеф Абси учествуваше и апостолскиот нунциј во Дамаск кардиналот Марио Зенари, пренесе агенцијата Фидес.
Во фокусот на размислувањето на работните групи меѓу останатото е и улогата на Сирискиот Каритас и другите каритативни организации во повторното градење на земјата уништена од долгогодишните конфликти, а денес и од пандемијата со коронавирусот.
Патријархот Јоунан на почетокот на заседавањето посебно ја истакна итноста и приоритетот да им се помогне на младите луѓе посебно на подрачјето на образованието, а патријархот Абси предупреди на растечкиот социјален јаз помеѓу малобројните богати и мноштвото сиримашни Сиријци. Истакнат е и „неиздржливиот неополитички притисок“ на населението на Блискиот исток.
Ика/к.мк