Започна онлајн пленарното заседавање на Епископската конференција на Австрија

Започна онлајн пленарното заседавање на Епископската конференција на Австрија

Надбискупот на Салцбург и претседател на Бискупската конференција Франц Лакнер во понеделник на 8 март го отвори пролетното пленарно заседавање на Бискупската конференција на Австрија. Четиридневното заседавање се одржува онлајн во облик на видео конференција.

Првата тема на која епископите разговараа на заседавањето беше трговијата со луѓе. Понатамошни теми на пленарното заседавање се ефектите од пандемијата од коронавирусот на црковниот живот, пасторалната грижа и каритативното делување. На заседавањето ќе стане збор и за потпомогнатото самоубиство и грижата за терминално болните. Виртуелното пленарно заседавање на Епископската конференција на Австрија трае до четврток 11 март.

Епископската конференција на Австрија во моментот брои 15 члена.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот