Во своето обраќање по молитвата Ангел Господов во неделата на 7 февруари 2021 година Папата ги спомна „драматичните прилики“ во кои се наоѓаат малолетните мигранти без придружба на разните мигрантски рути. Потсети дека утре 8 февруари се слави Денот за молитва за размислување против трговијата со луѓе повикувајќи да се гради економија која не ја поттикнува „одвратната трговија со луѓе“ и во која луѓето никогаш не се робови, туку цел на економијата.
Сакам да упатам апел за помош на малолетните мигранти без придружба. Колку многу ги има! За жал меѓу оние кои од различни причини се принудени да ја напуштат својата татковина, секогаш се десетици деца и млади кои се сами, без семејства и изложени на многу опасности. Овие денови сум известен за драматичните прилики во кои се наоѓаат оние на т.н. „балканска рута“. Но ги има на сите „рути“. Да настојуваме тие гревки и незаштитени созданија да не им биде скратена соодветната грижа и привилегираните хуманитарни канали – повика Светиот Отец.
Во продолжение на обраќањето по Ангел Господов потсети дека утре на литургискиот спомен на света Јозефина Бакхита суданска монахиња која го запознала понижувањето и страдањето на ропството, се слави Денот на молитва и размислувања против трговијата со луѓе.“ Оваа година целта е да се работи на економија која не ја поттикнува, па ниту не индиректно одвратната трговија со луѓе, односно на економија која мажите и жените никогаш не ги прави робови, предмет, туку секогаш цел. Да се биде на услуга на мажите и жените, а не да се користат како робови. Да ја молиме света Јозефина Бакхита да ни биде на помош во тоа“ – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк