Кога полицискиот службеник Брајан Зак отишол на работа тој март 2018 година не можел ниту да сонува дека всушност ќе го промени животот на едно девојче…
Поручникот на полициската управа Кингман во Аризона за време на смената бил повикан во куќа каде наидува на девојче по име Каила кое било жртва на насилство. Малата во текот на таа вечер станала приврзана на Зак додека заедно се плашеле и јаделе. Потоа Каила е однесена на лекување заради повеќе повреди, а Зак отишол дома каде со сопругата споделил дека сака да внимава на девојчето…
Тој татко на две деца објаснил како што пренесува Алатеја дека додека нејзните злоставувачи биле обвинети за нејзината злоупотреба, за неа немало место во службите за заштита на деца. Затоа Брајан и неговата сопруга Киера ја искористиле можноста да ја примат Каила во својот дом додека не се најде трајно решение.
„Дојде со детско шише, вреќа со облека која не и одговараше и тоа беше тоа“, го сподели своето сеќавање на денот на нејзиното доаѓање тој добродушен полицаец. Меѓутоа таа после неколку дена брзо се прилагодила на животот во семејството, а Закови набрзо станале нејзини „мама“ и „тато“.
Меѓутоа во оваа семејство положбата на Каила не била сигурна. „Живеевме секоја седмица не знаејќи дали ќе им се врати на своите биолошки родители или колку долго ќе ја задржиме. Целта ни беше да ја сакаме и да се грижиме за ова девојче додека се може“, раскажуваат тие. За среќа после 30 месеци неизвесност, на Врховниот суд во округот Мохаве во Лејк Хавест оваа сега четиригодишно девојче стана официјален член на семејството Зак.
„Залагањето за јавната безбедност на поручникот Брајан Зак е осликано во неговата посветеност и љубовта кон Каила. Двајцата – Брајан и неговата сопруга Киера се неверојатни родители. Посветени се на служењето на другите и на цел која е поголема од нив самите,“ вели шефот на полициската управа на Кингман Расти Купер.
Напоменуваме дека Закови моментално имаат мисија за помагање и на други деца за да најдат свој „дом засекогаш“. Парот настојува да ги охрабрува и останатите на посвојување истакнувајќи дека целиот труд кој е потребен да се вложи во самата постапка за појвојување се исплаќа.
Недјелја/к.мк