Во среда 30 декември 2020 за време на Генералната аудиенција во среда , папата Фрањо упати порака на солидарност до Хрватска погодена од разорниот земјотрес.
Хрватска вчера беше погодена од земјотрес, што предизвика човечки жртви и големи штети. Изразувам блискост со повредените и сите настрадани од земјотресот. Се молам особено за оние кои ги загубија своите животи и за членовите на нивните семејства. Се надевам дека меѓународната заедница ќе им помогне на властите во земјата да ги ублажат страдањата на хрватскиот народ, рече Папата во обраќањето на крајот од редовната Генерална аудиенција.