Во Ватикан во понеделникот на 28 декември е објавено Апостолско писмо во облик на мото прорио на папата Фрањо за некои надлежности за економски и финансиски прашања за „Подобра организација“, објави Канцеларија за печат на Светиот Престол.
Со ова мото прорио како што се објаснува во соопштението се претвора во закон она што Светиот Отец веќе го напиша во писмото до државниот секретар од 25 август 2020 година. Ова Мото прорио претставува уште еден важен чекор во реформата на Римската курија. Одлуката е објавена пред 1 јануари заради нејзина имплементација во пресметката за 2021 година. Комисијата која ја основа Светиот Отец за пренос на економските и финансиските задачи од Државниот секретаријат на Управата за имот на Светиот Престол (Amministrazione del Patrimonio della Santa Sede – APSA), во делот поврзан за управувањето односно на Секретаријатот за економија, во делот поврзан со надзорот кој работеше во последните неколку седмици ќе продолжи со одредени некои технички поединости до 4 февруари следната година како што беше и предивидено.
Овој нов закон го намалува бројот на луѓето задолжени за економија во Светиот Престол и го концетрира управувањето, водењето и економските и финансиските одлуки на надлежните дикастерии. Со тоа Светиот Отец сака да продолжи со подобра организација на Римската курија и со уште поспецијализирано функционирање на Државниот секретаријат кое на него и на неговите наследници со поголема слобода ќе може да помага во прашања од поголема важност за доброто на Црквата. Се намалува задачата на т.н. „Административна канцеларија“ на Државниот секретаријат, бидејќи повеќе нема да мора да управува или да одлучува за фондовите и вложувањата, се наведува во соопштение на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, по повод објавувањето на мото прорио на папата Фрањо „Подобра организација.“
Со мото прорио се воспоставува поголем надзор и подобра транспаретност на Петровите пари (Obolo di San Pietro) и средствата кои доаѓаат од донациите на верниците. Се зајакнуваат покрај тоа посебните контроли над одредени тела поврзани со Светиот Престол кои управуваат со сметките и средствата собрани од донации. Со тие одлуки Светиот Отец го изразува своето лично и залагањето на Римската курија околу поголемата транспаретност, појасно разделување на улогите и задачите, поголема ефикасност во надзорот и поголемо прилагодување на економијата.
Ика/к.мк