На Божиќ Бог нѐ чека со раширени раце

На Божиќ Бог нѐ чека со раширени раце

Бог нè чека за Божиќ, а останува на нас дали ќе излеземе да го пречекаме.

Ако би барале „покана“ за да се сретнеме со Бог, тогаш Божиќ е токму таква покана. Ова е време од годината кога се сеќаваме не само на Исусовото доаѓање на Божиќ, туку исто така се радуваме кога Тој повторно ќе дојде да нè покани во неговата вечна прегратка.

Свети Иван Павле II за оваа реалност размислуваше за време на проповедта во 1998 година, фокусирајќи се на псалмот: „Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме,

Во Адвент – божиќниот пост, чекаме настан што се случува во историјата и во исто време го надминува. Како и секоја година, овој настан ќе се случи ноќта кога ќе се роди Исус. Пастирите ќе брзаат до шталата во Витлеем; подоцна мудреците ќе пристигнат од исток. Во извесна смисла тие го симболизираат целото човечко семејство. Поттикот што одекнува во псалмот: Да побрзаме пред лицето Негово со славословие“ се проширува во сите земји, на сите континенти, меѓу сите луѓе и нации.

Нашиот однос со Бог е секогаш двонасочна улица. Бог ги раширува своите рацете и нè чека. Ние мора да преземеме иницијатива и радосно да истрчаме и да појдеме во пресрет и ќе бидеме прегрнати од него.

„Да побрзаме пред лицето Негово со славословие“ ни звучи многу прикладно. Можеме да се сретнеме со Бога затоа што Тој дојде кај нас. Тоа го прави како таткото во параболата за блудниот син (сп. Лука 15, 11-32), зашто тој е богат со милосрдие, преполн е со милосрдие и сака да нè запознае, без разлика од каде доаѓаме и каде нѐ носи патот. Бог доаѓа кај нас без разлика дали го бараме, го игнорираме или пак дури и го избегнуваме. Тој прв ни подава рака, раширени раце како милосрден татко полн со љубов.

Ако Бог е поттикнат да дојде кај нас, зарем ние можеме да му свртиме грб?

Во извесна смисла, празникот Божиќ може да ни го олесни тоа, бидејќи тој доаѓа како мало дете со раширени раце. Кој може да ја одбие поканата на тоа мало слатко Дете?

Додека се подготвуваме за Божиќ да преземаме иницијатива и великодушно да одговориме на Божјата љубов, брзајќи кон Него и дозволувајќи му на Бог да нè прегрне. Пастирите и мудреците појдоа да го пречекаат Господ? Зарем не треба и ние да појдеме?

Алетеја/к.мк

Категорија: Вера, Духовност
Ознаки Божиќ

За авторот