Како треба еден христијанин да се однесува со „молитвените синџири“ кои се проследуваат во пораки на социјалните мрежи и при тоа се бара да ја испратите на одреден број луѓе и тогаш твојата молитва ќе биде услишана или ќе се случи чуда и нешто слично. Ако пак го прекинете „молитвениот синџир“ ќе ви се случи нешто во облик на несреќа: Како да се однесуваме со таквата пракса?
Ако користите електронска пошта е-маил или сте активни на социјалните мрежи најверојатно сте сретнале е-маил или постови кои ви даваат одредено ветувања, доколку ја проследите пораката понатаму на одреден број луѓе. На пример може да ви биде испратена одредена молитва со додаток на крајот: „испратете ја на 12 пријатели и вашата молитва ќе биде услишана за дванаесет дена“ или нешто слично.
Дали тоа е во ред? Не, воопшто не е во ред! Тоа е празноверие. Меѓутоа, покрај наведеното постои едно објаснување кое треба да се разгледа. Но најпрво да го погледнеме делот на празноверие.
Божјата благодат и милост не зависат од твојата расположеност дали ќе ја проследите пораката на уште неколку пријатели или не. Сепак можеби молитвата која сте ја добиле е прилично добра и убаво е ако се измоли. Но, без разлика на тоа, ефектот од таквата молитва не зависи од тоа дали сте ги следеле упатствата од пораката која сте ја добиле. Само Христос и Неговата Црква имаат моќ да додадат благодат на молитвите. Значи, ако добиете некоја ваква порака на е-маил или на социјалните мрежи, можеби е најдобро да го прифатите делот за молитва, но отстранете го ветувањето или предупредувањето.
Што се однесува до гореспоменатото објаснување, некои миситици имаат приватни објави, во кои донесуваа одредени ветувања за одредени молитви или побожности. Црквата секогаш со големо внимание пристапува кон овие приватни објави и ветувања. Доколку се одобрени, можеме да веруваме дека Бог нуди посебна благодат преку овие молитви. Но, клучно е да бараме водство од нашата Црква за сите приватни објави.
Catholic life/к.мк