Папата разговараше телефонски со израелскиот претседател

Папата разговараше телефонски со израелскиот претседател

Во центар на телефонскиот разговор помеѓу папата Фрањо и израелскиот претседател Реувен Ривлин, во понеделник 14 декември 2020 година, беа божиќните прослави дистрибуцијата на вакцината за коронавирус и проектот „Земја на манастири“ во долината Јордан.

Ханука и Божиќ се прослави што ги собираат семејствата и заедниците и на сите им е тешко поради сегашните ограничувања на епидемиолошките мерки – рече претседателот Ривлин, стои во соопштението од неговиот кабинет по разговорите. Тој посочи дека во соработка со верските водачи интензивно работи на решенија што би ги задоволиле верските и здравствените потреби. Претседателот исто така предупреди дека е морална обврска да се обезбеди пристап до вакцината за коронавирус за сите, а не само за богатите земји. „Вирусот ни покажа дека сите сме еднакви во Божји очи“ – истакнал Ривлин.

Тој повторно го повика папата Фрањо заеднички да го отворат проектот „Земја на манастири“ во долината Јордан. На барање на израелскиот претседател, долгорочниот проект треба да прерасне во екуменски јорданско-израелско-палестински остров на мирот и соработката. Како дел од проектот, областа населена со осум верски исповеди би била исчистена од мини, а манастирите и црквите кои со децении се затворени во близина на местото на Господовото крштевањето во Јордан ќе бидат вратени во Црквите.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот