Почина поглаварот на Српската православна црква патријархот Иренеј

Почина поглаварот на Српската православна црква патријархот Иренеј

Во петок, 20 ноември 2020 година, во 07:07 часот, во Ковид болницата при Воената болница „Карабурма“ во Белград, се упокои во Господа Неговата Светост Архиепископот Пеќски, Митрополит Белградско-Карловски и Патријарх на Србија г. Иринеј (Гавриловиќ) – стои на официјалната страница на Српската православна црква.

Иринеј поради заразата со короанирусот беше во болница од 5 ноември. Здравствената состојбана патријархот Иринеј значително се влошила ноќта помеѓу среда и четврток, по што денеска тој починал. Со коронавирусот се бореше 15 дена, а во болница бил под постојан надзор на лекарите.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот