Канцеларијата за печат при Светиот Престол објави дека Светиот Отец во понеделник 9 ноември 2020 година во аудиенција го прими о. Перлуиџи Макали, мисионер, кој во октомври е ослободен откако џихадистите повеќе од две години го држеа во заробеништво.
Отец Макали беше киднапиран ноќта помеѓу 17 и 18 септември 2018 година од неговата парохија во Нигер. На слобода е од почетокот на октомври 2020 година во Мали.
После аудиенцијата, 59-годишниот мисионер за Ватикан њуз изјави дека Папата му бакнал рака кога се поздравиле.
„Никогаш не сум ни помислил дека мисионер кој оди на периферијата на светот, еден ден може да се најде пред Папата, кој ја држи универзалната Црква. Овие чувства тешко се објаснуваат… јас постојано велев благодарам, благодарам, благодарам“, рече о. Макали.
Најмногу ме трогна, раскажувајќи му на Папата, за тоа низ што поминав, а потоа му ги препорачав во молитва, пред сè, заедниците во кои одев и кои сега се повеќе од две години без мисионерско присуство и свештеници“, рече тој.
Отец Макали откри дека го замолил папата Фрањо во своите молитви да ја има Католичката црква во Нигер при што Папата слушаше многу внимателно. Тој додаде дека се заблагодарил за неговите молитви и молитвите на Црквата за ослободувањето. Потоа рече дека папата Фрањо му одговорил велејќи дека Црквата го поддржува, но и тој дека ја поддржал Црквата.
Отец Перлуиџи се осврна и на двегодишното заробеништво во пустината. Тој истакна дека во пустината исплачел многу солзи што биле „леб“ и се молел кога не „знаел што да каже.“ Тоа го прикажал на Господ за да ја „натопи таа безводна мисионерска земја, но и безводната земја на срцата што чувствуваат омраза, предизвикувајќи војна и насилство“.
Престојот во пустината го потсетил на она што е важно.
„Таму сфаќате дека е важно да пиете вода, да јадете нешто, дури и ако тоа е иста храна секој ден – кромид, леќа и сардини. Но, можете да видите дека суштината не ја прави избраната јадења. Така е и во духовниот живот: она што е важно е шалом (мир), простување и братство, и како мисионер се чувствувам уште посилен за да бидам сведок на мир, братство и простување, денес и секогаш “, рече отец Макали за Ватикан њуз.
Ватикан њуз/к.мк