Цртежот на Дева Марија нацртан пред 13 години со креда, мистериозно повторно се појави

Цртежот на Дева Марија нацртан пред 13 години со креда, мистериозно повторно се појави

На никој не му е јасно како цртежот на Дева Марија на асфалтот можел да остане толку долго…

Во мексиканскиот град Монтери на еден паркинг повторно после 13 години се појави цртежот на Дева Марија нацртан со креда. Неговото потекло најпрво не било познато, но откако фотографиите на тајното уметничко дело започнаа да кружат на интернет, локалните власти откриле дека е цртано за време на прославата наречена Бела Виа.

Тоа што е необично е дека цртежот со креда е создаден за време на фестивалот одржан во 2007 година, а никој не знае како можел да остане толку долго или како никој не го забележал 13 години.

„Верувале во чуда или не, прашање е како оваа слика повторно се појави 13 години после создавањето? – пишува директорот на Секторот за култура на општина Гвадалупе Феликс Паломо на Твитер.

Фотографииите со цртежот со креда е откриен во општина Гвадалупе започнале да кружат на социјалните мрежи минатата седмица, а недолго потоа луѓето започнале да го посетуваат тоа место за самите да се уверат, а некои оставале и запалени свеќи и цвеќе во чест на Дева Марија.

Уметникот кој ја нацртал во 2007 година наводно повторно ја посетил и потврдил дека станува збор за истиот цртеж направен пред 13 години. Идентитетот на уметникот остана непознат.

Сега веќе познатата локација од тогаш е заградена и постојано се залева за цртежот да биде вилив. Со оглед на тоа дека цртежите со креда траат три седмици останува мистерија како и понатаму е видлив.

Потсетуваме дека неодамна во истиот град статуата на Дева Марија тешка 10 тони и висока 12 метри која ја благослови папата Иван Павле II после 10 години излезе од реката откако ураганот кој повтoрно ја врати.

Меѓјугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот