Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 11 мај телефонски разговара со папата Фрањо.
Белгискиот политичар на Твитер профилот потоа извести дека со Светиот Отец разговарале пред сè за прашања поврзани со Европа, заедничките настојувања во борбата против ширењето на заразата предизвикана од коронавирусот, пронаоѓање на вакцини и помош на најсиромашните земји
На петтата воскресна недела, 10 мај, Папата на светата Литургија и во говорот за време на молитвата Царице небесна ги повика одговорните во Европа на заеднички напори и солидарност во борбата со пандемијата. Исто така зборуваше за 70. годишнината од Шумановата декларација со која се поставени темелите на идејата за единствена Европа. Мишел пак учествувајќи на меѓународната видео конференција во петок 8 мај повика на конкретна солидарност каква што беше замислена од основачите на европското заедништво.
Германската канцеларка Ангела Меркел со папата Фрањо телефонски разговараше на 7 мај, при што разменија мислења за глобалната хуманитарна и политичка ситуација со пандемијата и значењето на заедништвото и солидарноста во Европа и светот. Заеднички став е дека треба да им се помогне на најсиромашните земји, информираше после разговорот портпаролот на германската сојузна влада Штефен Сајберт.
Ватикан /к.мк