Папата Фрањо ќе го посети Албано Лазијале, град јужно од Рим во епархијата што ја покрива територијата на папските паркови и резиденциите во сабота на 21 Септември. Секретарот на Кардиналскиот совет и епископ на Албано Марчело Семераро во неодамнешното интервју за Ватикан њуз му се заблагодари на Папата во негово име, и во име на целата епархија, и ја истакна важноста на тој датум.
Бидејќи Епархијата на Албано е суфраганска, тесно е поврзана со Црквата во Рим. Нашето чувство за благодарност е уште поголемо затоа што Папата се согласи да дојде токму на празникот на Свети Матеј, 21 септември, на денот кога Евхаристиската прослава ќе се однесува на годишнината од осветувањето на катедралата. Датумот означува и важен момент во животот на папата Фрањо, денот кога тој ќе се присети на неговиот одговор на повикот на Господ, рече епископот Семераро.
По пристигнувањето во Албано, Папата ќе отиде во катедралата и ќе ги поздрави свештениците и ќе се задржи во посебна молитва за да ја одбележи годишнината од осветувањето на катедралата. Литургијата ќе се служи во 18.00 часот на главниот градски плоштад што граничи со Папските градини, а на кои гледаат и две заедници. Едната е многу драга на Папата, затоа што станува збор за заедница на исусовци во која се наоѓа опсерваторијата на Ватикан, а другата е заедница на Клариси, клаузурни сестри, кои ќе можат да учествуваат на литургијата која ќе ја предводи гледајќи од нивните прозорци.
На 21. Септември 2008 година, Бенедикт XVI ја предводеше Литургијата за осветувањето на олтарот во катедралата во Албано, и на тој датум се слави годишнината од осветувањето на катедралата, чија реставрација неодамна беше завршена, објасни епископот Семераро.
Ватикан њуз/к.мк