Би било убаво кога Словото Божјо би станувало сѐ повеќе центар на секоја црковна активност – рече папата Фрањо на учесниците на меѓународниот конгрес на Католички библиски сојуз која оваа година слави 50 години од основањето.
Словото е живо, и нè не остава мирни. Освен тоа Папата напомена дека Библијата и животот никогаш не треба да се одвојуваат.
Библија и животот се двата збора кои беа во центарот на спомнатиот собир, а за кои Папата истакна дека се неразделиви затоа што Словото Божјо е живот, останува секогаш младо и на оној кој го применува во животот му дава да остане млад. Важно е да се потсети – рече Папата – дека Светиот Дух носителот на животот сака да делува преку Светото Писмо. Словото го донесува во светот Божјиот здив, ја влева во срцето Господовата топлина. Сите академски дела, книгите кои се објавуваат се и не можат да не бидат во служба на тоа.
Проучувањето е огревното дрво кое го одржува огнот – рече Папата, но огнот е Духот и Он дава Светото Писмо да гори во срцето и го претвора во живот. Но, Библијата не е некоја убава збирка на свети книги која треба да се прочита; таа е Слово на животот кое треба да се сее. Заради тоа Папата ја истакна важноста на проповедите кои би требало да послужат за да им се подели на другите Духот, божественото Слово кое го допрело срцето на оној кој проповеда.
Многу зборови секојдневно навираат во нашите уши пренесувајќи информации и давајќи ни разновидни вдахновенија; многу и премногу што често ја надминуваат нашата способност за прифаќање. Но, не можеме да се откажеме од Исусовото Слово, единственото Слово за животот вечен кое ни е потребно секој ден – истакна Папата и изрази желба во Црквата, како што стои во Апостолскиот поттик на Бенедикт XVI „Verbum Domini“, да процвета поголема љубов кон Светото Писмо и Словото Божјо да биде сѐ повеќе во центарот на секоја нејзина активност.
Напоменувајќи дека е потребна Црква која не зборува за себе, туку која во срцето и на усните Го има Господ, која секојдневно зема од Неговото Слово, Папата предупреди дека напротив секогаш е присутно искушението да се навестуваме себе и да зборуваме за својот динамизам. Меѓутоа така на светот не му се пренесува живот.
Папата Фрањо потоа ги опиша карактеристиките на Словото. Тоа е остар меч кое ги расудува мислите и чувствата истакнувајќи ја вистината. Тоа почува како да се одречеш од себе за да Го навестиме Него. Словото води до живот на воскресен начин: како семето кое умирајќи дава живот, како грозјето кое поминувајќи низ преса дава вино, како маслинките кои даваат масло откако поминале низ цедило. Поттикнувајќи на радикални дарови на животот, Словото оживува. Нè не остава мирни.
Папата потоа зборуваше за Црквата која токму затоа што Го слуша Словото е далеку од самодоволноста и триумфализмот секогаш е свртена кон надвор. Црквата која се храни од Словото живее за да го навести Словото. Таа не зборува за себе, туку излегува на патиштата на светот; не затоа што и се допаѓаат или затоа што се пријатни туку затоа што тие се местата за навестување. Црквата верна на Словото не го штеди здивот во навестувањето на керигмата и не да ја фалат. Божјото Слово кое произлегува од Отецот и се излева во светот ја турка сѐ до крајните граници на земјата.
На крајот Папата ги поттикна членовите на Католичкиот библиски сојуз да се ангажираат за Библијата и животот никогаш да не бидат разделени. Сакам да бидете добри носачи на Словото со еднаков ентузијазам за кој читаме овие денови во воскресните читања во кои сите трчаат: жените, Петар, Иван, двајцата од Емаус… Трчаат за да со сретнат и да го навестат живото Слово – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк