Во склоп на Светската молитвена осмина за единство на христијаните која се одбележува од 18 – 25 јануари 2019, одржани се две екуменски молитвени средби во Скопје: во недела 20 јануари 2019 година во катедралата Пресвето Срце Исусово и во понеделникот 21 јануари 2019 година, во Евангелско методистичка црква.
Темата на овогодинешната молитвена осмина „Праведен суд барај” (2 Мојсеева 16,11-20) ги собра христијаните во молитва и размислување за праведноста втемелена на искуството за средбата со живиот Исус, по кое единствено ни се отвора пат да живееме и да шириме милосрдие и солидарност кое е истакнато помеѓу останатото и во говорите. Во заедништво се молеше за сите кои се погодени од неправда, за храброст да не потклекнеме, и Бог да не соедини преку неговата љубов.
Молитвената осмина за единство на христијаните е период исполнет со радост и надеж, одговорност и обврска бидејќи има за цел остварување на Исусовата желба „Да бидеме сите едно”. Двете молитвени вечери беа збогатени со песна и дружење по молитвата.
к.мк