Папата ја посети базиликата Света Марија Велика во пресрет на патувањето во Панама

Папата ја посети базиликата Света Марија Велика во пресрет на патувањето во Панама

Папата Фрањо традиционално пред Апостолското патување во Панама утрото на 22 јануари се упати во базиликата Света Марија Велика и се помоли пред иконата Спасителка на римскиот народ.

Пред Богородичниот лик Папата положи букет цвеќе во боите на панамската држава и се задржа во тивка молитва за успех на своето патување и за централната прослава на 34. Светски ден на млади.

Ова е негова трета средба со младите од целиот свет. Првата беше кратко после неговиот избор за Папа во 2013 година во Рио де Жаниеро во Бразил, втората во 2016 година во Краков, а сега е третата во Панама, каде се очекуваат повеќе од 200.000 млади, претежно од земјите од Средна Америка, чија ситуација на Папата му е добро позната.

Мотото за средба е фокусирано на зборовите на Марија: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ и се продолжува од Епископската синода за млади одржана минатата година во октомври.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот