Папата: Водата треба да е достапна до сите

Папата: Водата треба да е достапна до сите

По завршувањето на катехезата на Генералната аудиенција на 29 август 2018 година, Светиот Отец напомена дека на 1 септември го одбележуваме IV Светски ден на молитва за грижа за создаденото кој го славиме заедно со православните браќа и сестри и со поддршка од другите христијански Цркви и заедници.

Напомена дека со овогодинешната пригодна порака сака да го сврти вниманието на прашањето за водата, основното добро кое треба да се штити и да се направи достапно до сите. Изразувајќи благодарност заради разните иницијативи кои на различни места се подготвуваат од локалните Цркви, институтите на посветениот живот и црковните здруженија, Папата ги повика сите во сабота да се соединат во молитва за нашиот заеднички дом.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот