Ме вознемирува тоа што дури и најнапредните општества и понатаму се однесуваат со одреден мачистички менталитет – напиша папата Фрањо во писмото до Марија Тереза Компте Грау по повод објавување на нејзината книга „Десет работи кои папата Фрањо ги предлага на жените“. Писмото е објавено од ватиканскиот весник Осерваторе Романо на 2 март 2018 година. Постои насилство над жените – напоменува Папата и продолжи: Жената станува предмет за злоставување, трговија и заработка; доаѓа до искористување на жените во потрошувачката и забавната индустрија.
Папата изрази чувство дека книгата ќе даде придонес во размислувањата за поголемо чувство за посланието и повикот на жените. Светиот Отец напоменува дека го почитува тоа што авторката не ја заборавила Марија, благослвена меѓу сите жени. Поточно од неа произлегува нешто посебни, што Светиот Отец го нарекува „маријански стил“. Тоа е стил кој ја повикува целата Црква да биде Мајка, која нежно и чувствително ги љуби сите. Мажите и жените во Црквата не смеат од вид да го изгубат тој поглед, кој денес е многу важен – истакна папата Фрањо.
Следејќи ги размислувањата на своите претходници, Светиот Отец ја истакна потребата од обновено антрополошко истражување, кое ќе го вклучи научниот напредок и актуелната културолошка чувствителност, како подобро би се разјаснил, не само женскиот, туку и машкиот идентитет и така подобро да му се служи на човекот во целина.
Додаваме дека книгата „Десет работи кои папата Фрањо ги предлага на жените“ (Diez cosas que el papa Francisco propone a las mujeres) треба да излезе од печат на 7 март и тоа на шпански јазик.
РВ/к.мк