Средба на Папата со претставниците на власта во Чиле

Средба на Папата со претставниците на власта во Чиле

Светиот Отец ја истакна важноста на „здравата отвореност за општото добро“, предупреди на проблемот со невработеноста, и повика на заштита на домородниот народ, на младите, на старите луѓе и децата.

„Радост ми е повторно да бидам на тлото на Јужна Америка и да ја започнам посетата на ова љубена чилеанска земја,“ се првите зборови кои Папата ги кажа во Чиле на првата дестинација од своето 22 меѓународно апостолско патување, јави агенцијата Сир.

„Вашата разноликост и географското богатство ни овозможуваат да го сфатиме богатството на културната полифонија која ве карактеризира,“ рече папата Фрањо на средбата со претставниците на власта на која учествуваше и новоизбраниот претседател Себастијан Пинера Ехнике, кој неодамна го доби мандатот од чилеанскиот народ за да управува со земјата во следните четири години. Средбата со претставниците на власта се одржа на 16 јануари 2018 година во 8.20 часот според локално време (12.20 часот според средноевропско) во палатата „Модена“.

Во Чиле во последните децении дојде до истакнат развој на демократијата која овозможи да се постигне голем напредок, рече Папата во својот говор и, цитирајќи го кардинал Силва Енрикез, истакна дека сите сме градители на „најубавото дело – татковината.“ „Секоја генерација мора да ги продолжи борбите и освојувањата на претходните генерации, да насочи кон уште поголеми цели, рече Папата. „Доброто, како и љубовта, правдата и солидарноста не можат да се постигнат еднаш засекогаш; мора да се освојуваат секој ден.“ „Пред вас е голем и возбудлив предизвик; продолжете да работите за демократијата, сонот на вашите татковци, далеку повеќе од формалните аспекти, навистина да биде место за средба на сите,“ рече Папата во првиот говор во Чиле на средбата со властите во претседателската палата во Сантијаго, повикувајќи на „здрава отвореност за општото добро, кое ако нема заеднички карактер, никогаш нема да биде добро.“

Меѓу најитните предизвици со кои Чиле мора да се соочи ја наведе невработеноста, истакнувајќи дека „невработените не можат да си ја осигурат сегашноста, а уште помалку иднината на своите семејства.“ Потребно е да се слушаат „домородните народи, често заборавени, на чии права мора да се посвети внимание и чија култура мора да се штити, за да не се загуби дел од идентитетот и богатството на тој народ.“ Потребно е да се слушаат мигрантите кои тропат на вратата на ова земја во потргата за подобар живот, и од друга страна, сакат да изградат подобра иднина за сите. Потребно е да се слушаат младите луѓе, на нивната силна желба да им се пружи повеќе можности, посебно на образовното ниво, и активно да се заштитат од „камшикот на дрогата“ кој го одзема најдоброто од нивниот живот. Потребно е да се слушат старите луѓе, заради потребата од нивната мудрост и заради товарот на нивната кревкост. Не можеме да ги напуштиме, истакна Папата. Потребно е „да ги слушаме децата кои гледаат на светот со очи полни со чудење и невиност и очекуваат од нас вистински одговори за иднина на достоинсвото,“ заклучи Папата изрично спомнувајќи ја педофилијата. „Не можам да не изразам жалење и срам кои ги чувствувам пред непоправливата штета која црквните служители ја нанеле на децата,“ рече Папата: „Сакам да се придружам на браќата во епископството, затоа што е исправно да се замоли за прошка и поддршка со сите сили на жртвите и истовремено мораме да се обврземе дека тоа повеќе нема да се случи,“ рече Папата.

Во својот говор Папата истакна дека е потребно да се посвети и „посебно внимание на нашиот заеднички дом.“ Потребно е да се шири култура која знае како да се грижи за земјата и со таа цел не смееме да се задоволиме само со пружење на специфични одговори на сериозните еколошки проблеми кои се јавуваат, туку потребен е поинаков поглед, став, политика, образовна програма, стил на живот и духовност кои пружат отпор на навлезената технократска парадигма и економијата која задира во природните екосистеми и така го загрозува општото добро на нашите народи. „Мудроста на домородните народи може да понуди голем придонес,“ е уверен Папата според кој од нив „можеме да научиме дека нема вистински развој во народот кој свртува грб на земјата и на сите оние кои ја опкружуваат.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот