Во источна Украина децата живеат во постојана опасност од мини

Во источна Украина децата живеат во постојана опасност од мини

Околу 220.000 деца во источна Украина се во постојана опасност, затоа што живеат, си играат и посетуваат училиште во подрачја на биле поставени противпешадиски мини, неексплодирани експлозивни направи и други воени експлозивни остатоци – предупреди УНИЦЕФ, Детски фонд на Обединетите на нации.

Имено, таму речиси четири години траеше конфликтот, но и покрај тоа децата, штом тоа им е овозможено, си играат и така, за жал многу често наидуваат на неексплодирани направи, со ризикоѓ за тешко осакатување или дури и смрт – истакна Паоло Розер, главен директор на италијанската канцеларија на УНИЦЕФ.

Од јануари до ноември 2017 година, според податоците на спомнатата агенција на Обединетите нации, во просек едно дете неделно било рането или убиено заради конфликтот кој се води долж границата во источна Украина. Станува збор за должина од 500 километри кое го дели подрачјето под надзор на владата од она на кое беснеат невладините трупи – објасни Розер.

Противпешадиските мини и другото експлозивно оружје ја ставаат во опасност и инфраструктурата важна за снабдување со вода, струја и плин. Така на пример на почетокот на месец декември е пронајдена неексплодирана направа во станицата за филтрирање на водата во Донецк; станува збор за фабрика која снабдува со вода повеќе од 350.000 луѓе – објасни главниот директор на италијанската канцеларија на УНИЦЕФ и рече дека тоа значи дека тие направи можат да нанесат многу голема шетата на голем број луѓе.

Затоа УНИЦЕФ продолжува со своето ангажирање кое е двојно – додаде Розер. Од една страна настојува на децата да им загарантира психосоцијална поддршка, а од друга страна да ги поучи децата, да им објасни како треба да се однесуваат кога ќе пронајдат нешто на улица, да ги научи тоа да не го земаат, ниту допираат. Во врска со тоа, Розер ја спомна состојбата и во Мосул. Кога беше ослободен тој град бев таму во име на УНИЦЕФ и видов голем број плакати изложени во училиштата, собиралишта и на местата за разонода, на кои се објаснуваше што треба да се направи и како да се однесуваш пред опасностите од таквите направи – рече Розер.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот