Ги поттикнувам светските лидери да ги остават на страна личните и идеолошките интереси и заедно да го бараат општото добро за целото човештво – напиша папата Фрањо својата порака на Твитер, која ја објави на 12 септември 2017година по повод почетокот на 72 .сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Тие зборови на Папата потсетуваат на неговиот говор кој на 25 септември 2015 година го одржа пред учесниците на 70. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во таа прилика папата Фрањо го допре болните точки на денешното општество, повикувајќи на заеднички испит на совеста и поттикнувајќи на итна, вистинска и конкретна примена на основните начела на Обединетите нации во служба на општото добро. Укажа и на конкретните недоследности како и на чекорите кои ООН би требало да ги преземе за да ја исполни својата задача.
Во својот говор, Светиот Отец потсети на крајната цел на Обединетите нации, а таа е на сите земји без исклучок да им се овозможи учество и да им загарантираат реални и еднакви права при донесувањето на одлуките. Тоа ќе може да го ограничи секој вид на злоупотреба, посебно кон земјите во развој – рече Папата и додаде дека задачата на Обединетите нации е развој и промовирање на владеење на правото, знаејќи дека праведноста е неизоставен услов за остварување на идеалот на општото братство. Да се даде секому што му припаѓа значи дека ниту еден поединец или група не можат да се сметаат за апосолутни и овластени за да газат по достоинството и правата на другите луѓе или групи – предупреди во таа прилика папата Фрањо.
Исто така рече дека денес можат да се воочат голем број лажни права, но истовремено и големи подрачја кои се ранливи и без никаква заштита. Пред сè тоа се жртви од злоупотребата на моќта: голем е бројот на исклучени луѓе. Од таа причина, потребна е поддршка за зацврстување на нивните права, да се зацврсти заштитата на животната средина и да се стави крај на секој облик на исклучување – рече меѓу останатото Светиот Отец.
РВ/к.мк