Веронаучна група од парохијата „Свети Иван Крстител“ Струмица придружувани од своите свештеници во периодот од 26-29 јуни 2017 година престојуваше во Пасторалниот центар во Охрид, каде го одржаа Веронаучниот камп.
По пристигнувањето и сместувањето на учесниците, започна веронаучниот камп со катехезата: „Посланието на Црквата и моето послание“, која ја одржа о. Гоце Костов. На почетокот младите во дискусија беа поттикнати да одговорат на две прашања: Дали чувствуваш дека управуваш со својот живот или пак си условуван од надворешните случувања; Дали мислиш дека можеш да ги исполниш сите твои желби и соништа? Преку интерактивни работилници во групи на крајот од катехезата учесниците можеа да го препознаат своето послание и нивната улога во Црквата.
Во вторник, 27 јуни о. Гоце Костов ја одржа втората катехеза на тема: „Да бидеме светло на светот“, во која стана збор за Евангелието според Матеј 5,13-16, а потоа поделени во три групи младите со библиски текстови ги обработија библиските ликови кои со својот живот сведочат за Христос: Иван Крстител, Пресвета Богородица и апостолите. Оваа катехеза заврши со конкретизација на прашањата: Како го сведочиме денес ние Христос – со живот, дело и збор и што значи денес да се биде Христов сведок.
Во среда претпладне 28 јуни о. Атанас Сирачев ја одржа третата катехеза: „Милосрдниот Отец“ и веднаш на почетокот младите беа ставени во размислување за прашањата: Како би реагирал кога би бил замолен во својот дом на една ноќ да примаш затвореник? Потоа преку работа во групи и дискусија се работеше на библискиот текст за Милосрдниот Отец (Лука 25,11-32).
Четвртокот, 29 јуни претпладнето беше направен осврт на деновите поминати на Веронаучниот камп и излет со кајче во Охридското езеро.
Голем дел од програмата беше исполната и со духовен карактер, така што учесниците секојдневно присуствува на света Литургија, молеа Света Бројаница, размислуваа за Словото Божјо, имаа можност за света Исповед, а денот го започнуваа и завршуваа со молитва во Црквата. Покрај тоа во програмата беше вклучен забавен дел со дружење, песни и игри.
РВ/к.мк