Папата во Каиро: Љубовта е силата на верникот

Папата во Каиро: Љубовта е силата на верникот

На стадионот на пероферијата од градот Каиро, папата Фрањо на 29 април 2017 година славеше света Литургија со верниците католици, кои се малцинство во Египет. Во отворено возило папата Фрањо помина низ стадионот, поздравувајќи ги присутните верници. Покрај него беше коптскиот католички поглавар, патријархот Ибрахим Седрак од Александрија. Додека траше обиколката низ стадионот, хорот пееше „Алелуја“ од Хендел и „Радувај се ќерко Сионска“. Деца облечени како фарони му изразија срдечно добредојде на Папата. Безбедносните мерки беа строги и контактот со присутните беа видливо ограничени.

Воениот стадион на египетското воздухопловство се наполни со околу 20.000 верници. Во Египет живеат помеѓу 150.000 и 200.000 копти католици, а има уште шест дурги католички обреди, меѓу нив е „латинскиот“, копсткиот и каледејскиот.

Литургиските читања беа на арапски јазик, а Папата Литургијата ја служеше на латински. Просторот околу олтарот беше украсен со цвеќиња во ватиканските бои: жолта и бела.

„Не плашете се да го отворите срцето за светлото на Воскреснатиот; не плашете се да ги љубите сите – и пријателите и непријателите – бидејќи во љубовта која се живее се сокрива силата и богатството на оној кој верува – поттикна Папата за време на проповедта. Говорејќи за евангелието од Третата воскресна недела, Светиот Отец рече дека може да се опфати со три збора: смрт, воскресение и живот.

Смрт. Двајцата ученици се враќаат на своето секојдневие, разочарани и очајни, бидејќи нивниот Учител е мртов и немаат повеќе во што да се надеваат. Тие се дезориентирани и изгубени. Нивното одење е чекорење наназад, одделување од болното искуство на Распнатиот – рече Папата.

Светиот Отец рече дека учениците не можеле да сфатат зошто семоќниот Бог не го спаси Исус од таквата смрт и дека Христовиот крст бил и крст на нивните идеи за Бог; Христовата смрт е смрт на нивната престава за Бог. Ако не дозволиме да се скине како вело од нашите очи, ако не дозволиме да се скрши тврдоста на нашите срца и нашите предрасуди, никогаш нема да можеме да го препознаеме Божјото лице – истакна папата Фрањо.

Понатаму Папата рече дека учениците, сретнувајќи го Распнатиот и Воскреснатиот, доаѓаат до објаснување и исполнување на Писмата, Законот и Пророците. Пронајдоа смисла на привидниот пораз од Крстот. Оној кој нема да помине низ тоа искуство на крстот, до вистината на воскресението, самиот себе се осудува на очај, а Бог не можеме да го сретнеме пред да ги распнеме своите ограничени идеи за Бог  – рече Папата.

Живот. Средбата со воскреснатиот Исус, ги промени животите на двајцата ученици, бидејќи таа средба го менува секој живот, а секоја неплодност ја прави да биде плодна. Исус исчезнува пред нивните очи како би не поучил дека не можеме да го задржиме во неговата историска видливост, туку Црквата треба да знае и да верува дека Тој е жив; дека е со неа и дека неа самата ја оживува во Евхаристијата, преку Писмата и Светите Тајни. Учениците од Емаус тоа го сфатиле и се вратија во Ерусалим за да го споделат искуството со другите –  рече папата Фрањо.

Светиот Отец ги охрабри присутните верници и ги поттикна како и учениците да се вратат од Емаус во Ерусалим, на своето секојдневие, полни со радост и одважност во верата. „Не плашете се да го отворите срцето за светлото на Воскреснатиот; не плашете се да ги љубите сите – и пријателите и непријателите – бидејќи во љубовта се живее се сокрива силата и богатството на оној кој верува“ – рече Светиот Отец.

Завршувајќи ја проповедта, Папата посака Светото Семејство, кое живееше во Египет, да ги просветли срцата и да ги благослови верниците и „саканиот Египет“, кој го прифати проповедувањето на свети Марко и даде толку многу маченици

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот