Браќата Фрањевци од Асизи упатија апел до меѓународната заедница да го запре насилството во Сирија.
Во соопштението кое е објавено на 7 април 2017 година, а кое го потпиша кустосот на Светиот манастир во Асизи, отец Мауро Гамбети, стои: „Тоа е војна. Колеж до колеж. Војната е лицето на злото. Обврската на меѓународната заедница е да го запре насилството. Тоа е обврска на сите нас. Нека се спасат човечките животи и нека се обезбеди хуманитарна помош. Од Асизи се воздигнува молитва за сите оние кои страдаат во овој момент. Се надеваме дека ќе надвладее мирот.“
РВ/к.мк