Претседателот на „Напредак“ проф. Топиќ го прими епископот Стојанов

Претседателот на „Напредак“ проф. Топиќ го прими епископот Стојанов

Претседателот на хрватското културно друштво „Напредак“, проф. д-р Фрањо Топиќ на 24 февруари 2017 година го прими во Централната управа на друштвото, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. Киро Стојанов, кој беше во придружба на врхобосанскиот свештеник дон Давор Топиќ, парох во Скопје.

По тој повод проф. Топиќ гостите ги запозна со историјата на „Напредак“ и ги информираше за актуелните активности и идните планови на ХКД. Како најголемо придобивка на „Напредак“, проф. Топиќ го истакна тоа што успеал делумно да покаже дека може да се негува сопствениот идентитет, а тоа на другите да не им пречи. Културата на дијалогот и соживотот, рече, се мотото на делување на „Напредак.“

Епископот Стојанов истакна дека е запознат со достигнувањето на тоа угледно друштво. Му сугерираше на проф. Топиќ за големиот значаен ангажман на „Напредак“ во Македонија, посебно меѓу заедницата на Хрватите. Покрај тоа, епископот Стојанов покажа голем интерес за академијата на „Напредак“ во Виена. Проф. Топиќ по тој повод во „Напредак“ ги зачлени епископот Стојанов и дон Давор.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот