За молитва треба да се земе време, да се верува во присуството Божјо, да се нарече со Неговото име и да му се упати содржината на молитвата.
Молитвата е средба на целиот човек со Бог како личност. Важно е на почетокот да се гледа Бог и да се слуша што ни зборува. Затоа молитвата освен разумот ја познава и волјата и емоцијата. Молитвата исполнува, ослободува, лекува, насочува, подигнува, утешува, смирува, развеселува, окрепува… Молитвата е процес преку кој човекот станува свет. Таа е многу повеќе од изговарање на научените зборови и се учи и усовршува цел живот, таа се случува во духот и нѐ учи да соработуваме со Светиот Дух.
Молитвата секогаш е средба со Бог и има најразлични облици: може да биде службена во црквата и приватна дома кога човекот се моли сам или со други обликувани молитви од молитвеник или со свои зборови. Пред молитвата треба да застанеш пред Бог да ги видиш своите слабости, да бараш прошка и да Му се ставиш на располагање на Бог. Во допир со Бог стапуваме со секоја мисла и го повикуваме Бог со молитва, со примање на светите Тајни, читање на Светото Писмо во заедница со верниците кои молат и правејќи добро на оној во потреба. Најубава е молитвата која Отецот небесен преку Исус Христос ни ја даруваше: Оче наш, која секогаш е нова како лебот насушен, а најсвета е светата Литургија. Кај верниците омилена молитва е светата Бројаница.
Апликација Со Бог секој ден/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк