По прославувањето на Исусовото Рождество, го прославуваме оној кој прв го дал својот живот за Него. Отишол во смрт откажувајќи се од сѐ, бидејќи да Му припаѓа на Исус му било повеќе важно, отколку да го поседува сето она што светот му го ветувал.
Свети Стефан е прв христијански маченик, а според Делата а светите Апостоли (Дела 6, 5) бил еден од седумте ѓакони избрани во Првата Црквата.
Ништо не се знае за раниот живот на Стефан. После Исусовата смрт, отвореното проповедање на Стефан за Исусовата наука и припаѓањето во заедништвото со христијанските ученици го довело до осуда за „богохулење“, а потоа и до смрт со каменување.
Како што од ден на ден бројот на христијаните растел, апостолите имале потреба да формираат нивни помошници и така настанале ѓаконите. Првенствената задача им била да внимаваат на редот на заедничките молитвени средби, на верниците да им делат помош и на болните и затворениците да им носат света Причест.
Така еден ден, кога ги укори дека ги прогонувале пророците и го убиле Христа, тие го изведоа надвор од градот и таму го каменувале. Така Стефан станал првиот маченик, прв ја пролеал својата крв за Христос. Во моментот на умирање тој се молел за оние кои му го одземале животот. Умирајќи, пишува во Светото Писмо, Стефан извинал: „Господи, не земај им го оваа за грев!“ Неговата судбина била слична на Христовата. Факт е дека оваа маченичка смрт уште повеќе ги обединила првите христијани и во нив ја разбудила подготвеноста дури и со крв да сведочат за нивното верување: Исус е ветениот Месија, Тој е Спасителот на светот.
Магијата на Божиќ отсјајува и на денешниот ден на свети Стефан. Погледот ќе ни отиде подалеку и ќе се запрашаме, зошто овој млад човек, Стефан бил подготвен да умре без да се оддалечи од патот на Исус од Назарет. Отишол во смрт откажувајќи се од сѐ, бидејќи да Му припаѓа на Исус му било повеќе важно отколку да го поседува сето она што светот му го ветувал. Така Божиќ ни се прикажува во ново светло. Овој Божиќ пред два дана свратил во нашите животи да не запраша кои се нашите вредности во животот. На денешниот ден оваа убавина на Божиќ била попрскана со крвта на Стефан во Ерусалим. Така во Божиќната идила влегува сериозноста на човечкото постоење.
Постојат луѓе кои се способни да умрат за големи работи, за идеали и вредности, но постојат и луѓе на кои доблеста им е поважна од животот, има луѓе кои знаат дека човекот е повреден од сето она што го поседуваат.
Денес треба да се поклониме на малиот, невидливиот, слабиот, неугледниот и во него да го препознаеме Семоќниот, вистинскиот, вечниот, единствениот кој поседува живот во своите раце. Во малите ситни работи лежат супериорни вредности. Кога во тоа би успееле, Божиќ ќе стане Божиќ, ќе нѐ обвземе радост, и надежта нема повеќе да нѐ напушти.
Денес би требало да направиме нешто ново, би требало да го сакаме човекот како што сакаше Исус Христос. Би требало да прочитаме нешто убаво и да се молиме. Денес би можело да се случаат некои други работи.
Ако Бог станал човек, тогаш да се биде човек е неверојатно сериозно. Ако Стефан отиде да умре за оваа вистина, тогаш човечкиот живот е бесценет. Ако милиони луѓе гинеле за Исус од Назарет, мора тој да е Бог и да има решение за сите наши проблеми.
Како што Божиќ ја променил атмосферата во твојата и мојата куќа, би требало така да ја промениме и внатрешноста на своите срца. Денес целото Небо сака да ни каже:
„Човеку, запознај го своето достоинство!“.
Името Стефан значи „крунисан“. Свети стефан е заштитник на ѓаконите.
Битно.нет/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк