Да бидеш мисионер значи да бидеш милосрден. Во мисионерскиот повик и послание веројатно најјасно се исцртува милосрдието кон ближните. Со милионерското делување нашиот живот станува една голема милостиња.
Мисионерите во разни делови во светот тоа навистина и го прават: го предаваат целиот свој живот, своето време, својата работа, своите способности, но и сето материјално на тој начин на другите им пружат љубов и ги запознаваат со изворот на љубовта – Исус.
Од друга страна колку самите ние сме во секојдневниот живот мисионери? Можеби не сме меѓу африканските племиња, во јужноамериканските сиромашни квартови или азиските големи градови со милиони гладни, но доволно е да се осврнеме околу себе за да сфатиме колку е потребно нашето мисионерско ширење на милосрдието и љубовта Божја околу нас. Колку само има сиромашни и обесправени кои бараат милосрдие, а ние покрај нив поминуваме како да не се луѓе. Често нашиот аргумент е дека и ние самите немаме. Каква заблуда! Самиот Исус ни говори: „Давајте милостиња според своите сили, тогаш сѐ во вас ќе биде чисто.“ (Лк 11, 41).
Љубовта е најголемата милостиња и кога ќе ја препознаеме потребата за неа во својот брат, пружјќи рака, насмевка и топол збор, нашето мисионерско послание би било слично на посланието на многу мисионери во сиромашните делови во светот, кои навистина знаат што значи милостиња и што значи да се има толку малку, а всушност толку многу. Давајќи им ја на ближните својата љубов, во неговото срце го посадуваме семето на Божјото милосрдие кое расте и се шири по цел свет.
Молитва за мисионерите:
Господи Ти си кажа да одиме по цел свет и да ја шириме Радосната вест. Затоа Те молиме за мисионерите и мисионерките кои несебично се ставаат во служба на браќата и сестрите во потреба. Во нивната душа Господи голема е силата и волјата. Нека твојот мир и сила ги придружуваат во светот кој не е нивен дом. Нека Светиот Дух постојано ги вдахнува и ги охрабрува нивните слушатели да тргнат по патот на Христос и Твојата Црква, Господи. Преку Христос нашиот Господ. Амин.
мисије/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк