Папата ја осуди родната идеологија
За посетата на Грузија и Азербејџан, за родовата идеологија, за хомосексуалноста и за односите со Кина и за новите кардинали и за многу други теми Светиот Отец со новинарите разговараше за време на летот од Баку за Рим.
Одговарајќи на прашања, Папата рече дека Грузија е јасно христијанска земја и дека нашол „голема култура и вера.“ Папата посебно го допрел патријархот Илија II, Божји човек „кој го трогнал“, а потоа Светиот Отец се осврна на екуменизмот. „Треба да се молиме едни за други. Молитвата е многу важна. Освен тоа треба заедно да се работи: има сиромашни, со сиромашните заедно да се работи; има и други проблеми кои можеме заедно да ги решаваме, со бегалците можеме заедно да работиме; заедно да правиме добро на другите. Тоа можеме, а тоа е патот на екуменизмот – истакна папата Фрањо.
Зборувајќи пак за односите помеѓу Ерменија и Азербејџан, Папата посака „искрен дијалог“ а за да се избегне патот на војната ја истакна „храброста за обраќањето до Меѓународниот суд како што е Хаг.“ Војната секогаш уништува, со војната сè се губи. Христијаните треба да се молат за мир, одговорни да тргнат по патот на дијалогот, преговорите или да се обратат некому во меѓународниот суд – рече Светиот Отец.
Одговарајќи на прашања за хомосексуалноста и за родовата идеологија, Папата рече дека како свештеник, епископ и Папа следел луѓе со истополова наклонетост и пракса. Кога некој човек со тие склоности се појави пред Исус, Исус сигурно нема да му каже: Оди си затоа што си хомосексуалец – рече Светиот Отец.
Папата повторно одлучно ја осуди родовата идеологија, „зло“ на индоктринацијата посебно на децата во училиштата „да се промени менталитетот“ што Папата го нарекува „идеолошка колонизација“. Потоа говореше за некое момче од Шпанија кој го променил полот и ја истакна потребата за отвореност на срцето. Склоностите и хормоналната нерамнотежа создаваат многу проблеми и затоа треба да се биде внимателни да не се говори: „Сè тоа е исто, грижата да не се сфати сериозно. Тоа пак не е во ред. Секој случај треба сериозно да го сфатиме, следиме, проучиме, распознаеме и личноста да се вклучи во заедницата – рече Папата додавајќи:
Исус така би постапил. Ве молам немојте сега да кажете: „Папата сега ќе ги „посвети“ транссексуалците. Ве молам, рече додавајќи: Сакам да бидам јасен. Ова е морален и човечки проблем. Треба да се реши на најдобар начин, секогаш со Божјо милосрдие, со вистина, како кога сме зборувале за бракот, читање во целост на апостолскиот поттик Amoris Laetitiae; секогаш со отворено срце – повтори папата Фрањо, а потоа се осврна за разводот на бракот, на ранетите семејства и на нападите на семејството.
Божјата слика не е маж, туку маж со жена заедно. Тие во бракот стануваат едно тело. Таа е вистината. А вистината е дека во оваа култура има конфликти и лошо управување со бројни проблеми, а покрај тоа и денешната филозофија; сега го работам ова, а кога ќе се изморам ќе работам нешто друго и така на ред. Против бракот се води светска војна. Мораме да се чуваме во нас да не влезат тие идеи – предупреди Папата.
Папата повторно истакна дека „гревот го нема последниот збор. Последниот збор го има милосрдието.“ Поттикна на читање во целост на апостолскиот поттик Amoris Laetitiae, кој вели „дека постои грев, раскинување, но и лек, милосрдие, откупување,“ а го покажува патот дека проблемите се решаваат имајќи во предвид четири критериуми: прифаќање на ранетите семјества, придружување, треба да се разбереи да се интегрира секој случај и повторно да се воспостави складност – потсети Светиот Отец.
Новинарите го прашуваа Папата за разлилни теми. Папата рече дека наскоро ќе именува 13 нови кардинали, ќе ги има од сите континенти за да се види универзалноста на Црквата. Светиот Отец спомена дека наскоро ќе објави ден во спомен на настраданите од земјотресот, кој го пододи Италија, можеби на првата недела од Адвентот. Потсети на многу меѓународни настани за следната година, започнувајќи од посета на Фатима, потоа Индија и Блангладеш, а не потврди патувања во Африка и Колумбија. Светиот Отец истакна дека сака д аја посети Кина, изразувајќи голема почит кон кинексиот народ. Односите меѓу Ватикан и Кина треба да се усогласат, а на тоа се работи, полека… Оние работи кои се спори, секогаш одат добро, секогаш. Брзањето не е потребни, истакна Светиот Отец.
Одговарајќи на прашањето за доделувањето на следната Нобелова награда за мир, истакна Папата дека наградата за мир е признание, согледување на жртвите од војната: децата, лицата со инвалидитет и старите лица. Насилството е грв против Исус Христос. Месото на ите деца, болни и голораки стари лица се Телото Христово. Човештвото би требало да каже нешто за шртвите до војната – порача Светиот Отец.
к.мк