Најголемата среќа во мојот живот е кога го запознав Исус Христос
Верувам во тоа дека Исус воскреснал. Христијанството не е ништо друго туку сигурност во Исусовото воскресение.
„Го запознав Исус Христос во 1994 година и тоа беше најголемата среќа во мојот живот“ изјавил фудбалскиот тренер на Португалија Фернандо Сантос.
Тренерот на Португалија тоа го кажал во разговор за еден португалски портал. Објаснил и што е она најважното во верата за него.
„Верувам во тоа дека Исус воскреснал. Христијанството не е ништо друго туку сигурност во Исусовото воскресение. Како што вели свети Павле: Ако Христос не воскреснал залудно е нашето проповедање, залудна и верата ваша, објаснил фудбалскиот тренер и додава:
„Верата не треба да се комплицира. Исус е жив! Верувам во воскресението дека овој живот е само минлива етапа и смрт нема. А Исус е меѓу нас, насекаде.“
Сантос е тренер на португалската фудбалска репрезентација од септември 2014 година и го освои Европското фудбалско првенство во Франција.2016 година
Битно.нет/к.мк