Претставен документот „Црквата се подмладува“

„Iuvenescit Ecclesia“ е позитивен документ за обнова на вредностите на харизматските дарови во животот на Црквата, истакнато е на прес-конференцијата во Прес-службата на Светиот Престол, на која говореа кардинал Герхард Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата и префектот на Конгрегацијата за епископи, Марк Улет.

Документот доаѓа од далеку, од поттикот на свети Иван Павле II, вдахновен на Вториот ватикански собор, а важно е што се објавува за време на понтификатот на папата Фрањо. Документот повеќе се фокусира на теолошки отколку на пасторални проблематики, потпирајќи се на принципот на папа Војтила за „еднаква важност“ на хиерархиските и харизматските дарови.

Цел на овој документ е – продлабочувајќи ја свеста за важните фактори кои се однесуваат на хиерархиските и харизматските дарови, занемарувајќи ги стерилните спротиставувања и споредби – да служи во заедништво на даровите, односите и меѓусебните почитувања, имајќи го во предвид обновениот мисионерски ентузијазам на Црквата и „пасторалното преобраќање“ на кое нас нè повикува папата Фрањо – истакна кардинал Милер.

Кардиналот ја истакна способност на Црквата дека нејзе и во тешки времиња ја обновува Светиот Дух. Заклучи дека не постои „Црква на Светот Дух“ спротиставена на „Институционалната Црква“ затоа што „хиерархиските и харизматските дарови“ секогаш се однесуваат едни на други. Ја истакна улогата на Папата по Соборот во прифаќањето и вреднувањето на даровите на разновидните црковни движења.

Петровиот наследник на ниво на општата Црква навистина поттикна поврзување и заедништво меѓу хиерархиските и харизматските дарови, вреднувајќи го мисиското ширење на движењата и новите црковни заедници во локалните цркви, особено местата каде што е потребна нова евангелизација – потсети префектот на Конгрегацијата за наука на верата.

Движењата не им се спротивставени на епископите

Кардинал Марк Улет истакна дека Вториот Ватикански Собор, а особено свети Иван Павле II посебна улога придаваа на „новите облици на сведочење на верата“ кои може да „одговорат на предизвикот за новата евангелизација на секуларизираното општество“. Истакнувајќи ја мисиската димензија на Црквата, папата Фрањо им помага на пастирите да бидат остроумни во распознавањето на харизмата. На новиот документ, всушност, треба да се гледа позитивно – заклучи префектот на Конгрегацијата за епископи.

Не се зборува за тоа во праксата да се изедначат разликите меѓу хиерархиските и харизматските дарови, туку за подобро интегрирање на различните харизми на посветениот живот во локалните цркви под водство на епископите, чија задача е да распознава, да прифати и да ги следи харизматските вистинитости, кои потекнуваат од делувањето на Светиот Дух во црковните заедници – истакна  префектот на Конгрегацијата за епископи.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот