Значењето на чудото на свадбата во Кана

Исусовото прво чудо на свадбата во Кана Галилејска е како „влезна врата“ во која се врежани зборови и изрази кое го расветлуваат целото Христово таинство и го отвораат срцето на учениците за верата во Него – рече папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција на 8 јуни 2016 година.

Исус не правел чуда за да предизвика восхит, туку за да ја објави љубовта на Отецот. Неговото прво чудо на свадбата во Кана Галилејска е како „влезна врата“ во која се врежани зборови и изрази кое го расветлуваат целото Христово таинство и го отвораат срцето на учениците за верата во Него – рече папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција на 8 јуни 2016 година.

„Исус со своите ученици“

Во воведниот дел на извештајот за чудото стојат зборовите „Исус со своите ученици“. Оние кои Исус ги повикал за да Го следат ги поврзал во единствена заедница и речиси како семејство сите се повикани на свадба. Објавувајќи го своето јавно послание на свадбата во Кана Исус се покажува како свршеник на Божјиот народ кој го навестувале пророците и ја објавува длабочината на односот кој нè поврзува со Него: Новиот сојуз на љубовта – рече Светиот Отец.

Темелот на нашата вера е „чинот на милосрдието со кој Исус нè врзал за себе“, а „христијанскиот живот е одговорот на таа љубов.“ Папата тоа го спореди со приказната за двајца вљубени: „Бог и човекот се среќаваат, се бараат, се наоѓаат, слават и се сакаат: токму како драгиот и драгата од Песна над песните. Сето останато доаѓа како последица на тој однос. Црквата е Исусовото семејство во кое се разлива неговата љубов; таа е љубовта која Црквата ја чува и сака на сите да ја дарува.“

„Немаат вино“

Во контекст на тој Сојуз ја разбираме забелешката на Пресвета Богородица: „Немаат вино.“ Како е можно да славиш свадба ако ти недостасува она што пророците го посочиле како типичен елемент на месијанската гозба? Водата е неопходна за живот, но виното го изразува изобилството и радоста на гозбата – објасни папата Фрањо.

Претворајќи ја водата од амфорите кои служеле за обредно чистење во вино, Исус прави елоквентен знак: го преобразува Мојсевиот закон во Евангелие кое донесува радост. Како што самиот Иван вели: Законот беше даден преку Мојсеј, а милоста и вистината настана преку Исус Христос.

„Што ќе ви каже направете“

Блажена Дева Марија потоа се обраќа на тие кои служеле зборувајќи им: „Што ќе ви каже направете.“ Тоа се неајзини последни зборови кои Евангелието ги пренесува; нејзиното наследство предадено на сите нас. И денес Пресвета Богородица ни зборува: „Што ќе ви каже направете.“ Станува збор за израз кој потсетува на исповед на верата која ја користел израелскиот народ кај Сион како одговор на ветувањата на сојузот: Ќе вршиме сè што Господ наредил – објасни Светиот Отец.

Оние кои служеле ја послушале Исусовата заповед за да ги наполнат амфорите со вода, од нив да нацрпат и да му однесат на старосватот. На таа свадба е одреден Нов сојуз и на Господовите служители односно на целата Црква им е доверено ново послание: што ќе ви каже направете. Да му служиш на Господ значи да го слушаш Неговото Слово и да го спроведеш во дело. Едноставно но клучна препорака на Исусовата мајка е програмата на христијанскиот живот – рече Папата.

Ти си го зачувал доброто вино за сега

За секој од нас да нацрпи од амфорите значи да се довери на Божјото Слово за да ја искусиме Неговата ефикасност во животот. Затоа со старосватот кој ја вкусил водата претворена во вино и ние можеме да кажеме: „Ти си го зачувал добото вино за сега. Господ- рече – и понатаму го чува доброто вино за нашето спасение како што тоа и понатаму извира од Господовото прободено ребро.

Ја објави својата слава и поверуваа во Него

Евангелискиот текст завршува со зборовите: „Така направи Исус почеток на Своите чудеса во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.“ Свадбата во Кана е многу повеќе од извештај за Исусовото прво чудо. Како ризница Тој ја сокрива тајната за своите луѓе и целта на своето доаѓање: тој е очекуваниот свршеник кој ја започнува свадбата која ќе се изврши во пасхалното таинство. На таа свадба Исус заедно ги врзува своите ученици за новиот и конечен сојуз. Во Кана Исусовите ученици стануваат негово семејство и во Кана се раѓа верата во Црквата. На таа свадба сите сме повикани затоа што од новото вино нема да снема – порача на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот