Саудиска Арабија го забрани списанието National Geographic со Папата на насловна страница
Саудиска Арабија го забрани арапското издание на едно од најпопуларните светски списанија, National Geographic и тоа поради насловната страница со папата Фрањо. На насловната страница на забранетиот број на National Geographic која стои: Реформа на Црквата – Фрањо води тивка револуција
„Почитувани читатели од Саудиска Арабија, се извинуваме што не го добивте августовскиот број на списанието. Според дистрибутерите, списанието е одбиено поради културни причини“, стои во изјавата на Алсаад Омар ал-Менхалја, главниот уредник на арапското издание.
Како што пишува foreignpolicy.com, причините за забрана најверојатно лежат во спомнувањето на изразот „тивка револуција“ кој, според сфаќањата на уредникот на National Geographic, папата Фрањо го извршува во Католичката Црква и Ватикан, а кој би можело да има „опасни последици“ во строго муслиманските држави како што е Саудиска Арабија.
Многу е веројатно дека една од причините за забрана е и воведот во кој се зборува за потребата од прилагодување на религиските институции кон светот кој забразно се менува. Според размислувањата на уредникот, темелните столбови на верата треба да бидат заменети со нови доколку не успеваат да ја исполнат својата цел. Јасно е дека ваквите прикажувања на активностите на Папата биле премногу за властите во Саудиска Арабија, монархија чие уредување се темели врз законите на Куранот и шеријатот.
Битно нет/Б.Р.