Скопската парохија доби реликвии (ex capillis) прв степен на блажена Мајка Тереза
Скопската катедрална парохија Пресвето Срце Исусово во Скопје доби реликвии „ex capillis“ на блажена Мајка Тереза од Постулатурата за канонизација на блажената во Рим.
Реликвиите на блажеа Мајка Тереза кои пристигнаа во нејзината родна парохија во Скопје припаѓаат на реликвии од прв степен, а ќе бидат изложени за почитување на празникот на блажена Мајка Тереза на 5 септември 2015 година Реликвиите ќе се чуваат во скопската катедрала, а можност за почитување на реликвиите ќе биде секој ходочаснички ден.
Класификација на реликвии:
1. Реликвии од прв степен – директно поврзани со случувањата од животот на Исус (крст, јаслички – во базиликата во Рим), како и делови од телото на светецот.
2. Реликвии од втор степен – предмети кои светецот ги носел и користел.
3. Реликвии од трет степен – сè што е допрено од реликвијата од прв и втор степен, најчесто тоа се парчиња од ткаенина.
к.мк